Орбан: Унгарија останува во ЕУ

Унгарија не планира да ја напушти Европската Унија, изјави вчера премиерот Виктор Орбан, додавајќи дека членовите на источниот и западниот блок мора да најдат компромис за иднината на блокот.

Орбан, кој е на власт скоро десет години, честопати влегува во расправија со Брисел околу одбивањето да сместува мигранти и напорите за затегнување на контролата врз унгарските медиуми, судство и академски институции.

Неговиот борбен став ги поттикна шпекулациите дека Унгарија во одреден момент може да го следи примерот на Велика Британија и да ја напушти ЕУ, иако блокот дава милијарди евра за посиромашните бившокомунистички членки.

ЕУ сега сака великодушната помош да ја услови со владеење на правото, пренесува Ројтерс.

„Ние сме членка на Унијата и ќе остане така“, рече Орбан на Конгрес на владејачката партија Фидес.

Сепак, како очигледен одговор на критиките за владеењето на правото, тој додаде: „Ова е наша земја, наш дом и наш живот. Никој не може да одлучи за ова освен Унгарците“.

„Потребен е компромис меѓу двете страни на Европа“, рече Орбан, додавајќи дека „иако западната и источната половина на Унијата следат различни патеки... и почитуваат различни вредности, можно е да се најдат начини да се живее заедно во вакви околности“, рече Орбан.

Тој, исто така, ја повика „другата страна“ да ги прекине отворените напади врз владите во порано комунистичката централна и источна Европа.

„Ние не испраќаме платени политички активисти кај нив, така што и тие своите треба да си ги повлечат од централна Европа“, рече тој.

„Тие треба да се откажат од тајните акции против владите на централна Европа. Буџетот на ЕУ не треба да се користи за финансирање тимови и медиуми што ги фаворизираат мигрантите и либералите и им служат на нивните цели. Ако навистина сакаме да ја сочуваме Европа, треба да престанеме со овие практики“.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе