Орбан: Унгарија ќе мора „да употреби сила“ за да го спречи новиот бран мигранти

Унгарија би морала да употреби сила на својата јужна граница со Србија за да ја заштити границата на Европската унија доколку Турција ја исполни заканата и ги отвори вратите за бегалците преку Балканот кон Европа, рече премиерот на Унгарија.

Премиерот Виктор Орбан изгради челична ограда на границата на Унгарија со Србија за да ја запре балканската миграциска рута, каде стотици илјади луѓе на врвот на кризата во 2015 година маршираа од Блискиот исток кон Западна Европа.

ЕУ се потпира на Турција да го спречи пристигнувањето на бегалците во Европа по договорот од 2016 година за запирање на егејската рута, откако повеќе од 1 милион луѓе влегоа во блокот.

Турција, која е домаќин на 3,6 милиони сириски бегалци, се закани дека ќе ги „отвори вратите“ за да им овозможи на оние кои се веќе во земјата да се упатат кон Европа, доколку ЕУ негативно го прикаже упадот на Турција во североисточна Сирија.

„Следните недели ќе одлучат што ќе прави Турција со овие луѓе“, рече Орбан за приватната телевизија ХирТВ во интервју доцна во средата. „Може да ги насочи во два правци: да ги однесе назад во Сирија или да ги насочи кон Европа“, пренесе Ројтерс.

„Ако Турција го избере второто, овие луѓе ќе пристигнат на јужната граница на Унгарија во огромни маси“, рече Орбан, додавајќи дека ЕУ, додека ја критикува Анкара, треба да обезбеди повеќе средства за Турција за да помогне во обновата на сириските градови.

Орбан, кој честопати бил во добри односи со Брисел околу некои од неговите политики за мигрантите, рече дека во моментов има околу 90.000 луѓе на балканската миграциска рута и нивниот број наскоро може да се зголеми на 100.000.

„Доколку Турција пушти уште други стотици илјади, тогаш ќе треба да употребиме сила за да ја заштитиме унгарската граница на српско-унгарската граница и никому не му посакувам да мораме да прибегнеме кон тоа“, рече Орбан.

Националистичката влада на Орбан воспостави блиски односи со Турција, Кина и некои поранешни советски држави во Средна Азија, како дел од иницијативата за источно отворање.

Турскиот претседател Таип Ердоган треба да дојде во посета на Будимпешта на почетокот на следниот месец.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе