Орбан: Со 4 милиони вакцинирани, отвораме бројни дејности

Унгарија до средината на следната недела ќе вакцинира 40 отсто од населението и сè повеќе ќе ја отвора економијата, изјави премиерот Виктор Орбан.

EPA-EFE

Имунизацијата ќе ѝ дозволи на владата да отвори голем број дејности во јавниот сектор, што ќе биде враќање кон нормалниот живот, додаде унгарскиот премиер, а пренесува Ројерс.

Од следната недела оние со сертификати за вакцинирање ќе можат да одат во хотелите, рестораните во затворено, кино-салите, салите за вежбање, спортските настани, бањите и други места, додаде Орбан.

Во претходните недели Унгарија, земја со 10 милиони жители, имаше многу заболени и процентот на смртноста ѝ беше најголем во светот до четвртокот, пишува Ројтерс повикувајќи се на сајтот Ворлдометерс.

Орбан, кој следната година се соочува со избори, се бореше да балансира меѓу борбата против пандемијата и сè поголемиот број повици да се отвори пандемијата и да се избегне втора година по ред да влезе во голема рецесија.

„Со четири милиони вакцинирани, а мислам дека ќе ги имаме до среда или четврток, ќе отвориме голем број дејности за они кои имаат вакцинациски картички“, кажа Орбан.

Бројот на хоспитализирани и пациенти на респиратори падна, бидејќи Унгарија минува низ еден од најбрзите програми за вакцинирање, според податоците на Европската Унија.

Со големи испораки на кинеската и руската вакцина, како и прилив од западните вакцини, Унгарија наскоро ќе може да ги вакцинира малолетниците и Унгарците кои живеат во странство.

Унгарија беше критикувана за тоа што купува вакцини од Истокот пред да добие одобрение од Европската Унија, но Орбан кажа дека бројките го оправдуваат.

„Не ме интересира дали мачката е црна или бела. Само сакам да го фатам глушецот“, одговори Орбан.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе