Орбан сака во училиштата да забрани содржини за промена на полот и хомосексуалноста

Унгарската владејачка партија Фидес предложи закон со кој сака да забрани ширење на содржините кои според нејзиното мислење промовираат промена на полот или сексуалноста, што критичарите го сметаат за потег кој личи на рускиот закон за „геј пропаганда“ од 2013 година.

EPA-EFE

Владата на премиерот Виктор Орбан, која се соочува со избори во 2022 година и промовира силна кристијанско-конзервативна агенда, од минатата година тргна понатаму против ЛГБТ заедницата.

Полската владејачка партија ПиС, главниот сојузник на Фидес во Европската Унија, со години зазема сличен став.

Во најновиот амандман на пратениците на Фидес на предложениот закон кој ја казнува педофилијата се наведува дека на помладите од 18 години не смее да им се прикажува порнографска содржина или каква било содржина која промовира промена на полот или хомосексуалност.

Тоа се однесува и на огласувањето, стои во предлог законот. Се предлага и спроведување попис на организациите кои единствени ќе имаат право да држат предавања за сексуално образование во школите.

„Новиот закон кој го предложи Фидес сериозно би ја ограничил слободата на говорот и детските права“, се наведува во изјавата на Хатера, групата за заштита на правата на ЛГБТ лицата, со споредба на предлогот со рускиот закон за геј пропаганда.

Хатер и шест други организации го повикаа Фидес да го повлече законот од процедура, за кој ќе се гласа следната недела.

Во Унгарија бракот е дефиниран како заедница на маж и жена и само хетеросексуални двојки можат законски да посвојат деца.

Унгарија минатата година забрани впишување на промена на полот во матичните книги и го укина правното признавање на родовиот идентитет на трансродовите лица. Одлуката важи и ретроактивно за лицата кои веќе го смениле полот, што уставниот суд го прогласи за противуставно.

Орбан лесно победува на три избори од 2010 година, но сега опозициските партии за првпат се обединија против Фидес и му се приближија во анкетите.

Вчера Орбан кажа дека ќе ја зголеми минималната плата и ги повтори плановите за поврат на данок за семејствата во 2022 година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе