Унгарија

Орбан сака да ја „промени Европа“ по големата победа на евроизборите

Екстремнодесничарската партија на Виктор Орбан убедливо победи на домашен терен, со 52 отсто од гласовите и 13 места од унгарските 21 место, но тие може да се најдат поизолирани отколку што се надеваа во новиот Европски парламент, вели Гардијан.

Некои екстремнодесничарски партии покажаа скромен успех, но други поминаа полошо отколку што се очекуваше.

Сепак, Орбан тврди дека изборите покажале бран успеси за националистите. Тој ѝ се обрати на толпата пред „Китот“, седиштето на кампањата на Фидес во Будимпешта на Дунав.

„Ние сме мали, но сакаме да ја смениме Европа“, рече тој, опишувајќи ги изборите како „почеток на нова ера против миграцијата“.

Внатре во штабот на кампањата, унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, рече дека „заврши статус квото“ во Европскиот парламент.

„До сега, по европските избори, сложувалката беше сосема едноставна, ЕПП и социјалистите се собираа, ги броеја гласовите и имаше удобно мнозинство... Сега никој не може да каже како ќе изгледа конечниот состав на мнозинството.“

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе