Орбан разгневен: Европскиот парламент го применува планот на Сорос

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го обвини Европскиот парламент дека почнал да го применува „планот на Сорос“.

Тој ова го изјави откако одборот на Европскиот парламент за граѓански слободи, правосудство и внатрешни прашања (ЛИБЕ) го усвои извештајот за примената на Даблинските прописи.

Извештајот на ЛИБЕ „ја занемарува опасноста од постоење врска меѓу емиграцијата и тероризмот“, кажа Орбан додавајќи дека примената на тие прописи ќе ги ограници овластувањата на државите членки.

Тој оцени дека и покрај „загрижувачките разлики околу тие прашања“ меѓу Вишеградската група и Европската комисија, работната вечера на Вишеградската четворка и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер во средата била успешна.

Тој истакна и дека постои добра шанса за подобрување на соработката.

Според него, несогласувањата околу прашањата за безбедноста на Европа и миграцијата повеќе се вкоренети во културолошките отколку во политичките разлики.

„Разјаснивме извесен број прашања околу кои не се сложуваме и успеавме да му кажеме на Јункер дека сакаме повеќе почит за народите од централна Европа, меѓу кои се и Унгарците“, кажа Орбан.

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе