Орбан подготвува големо сојузништво со земјите кои се против мигрантите

Европските антимиграциски сили би можеле да се засилат со италијанско-полската иницијатива за создавање десничарски сојуз пред претстојните избори за Европскиот парламент, рече унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Орбан, кој е еден од поострите противниците на масовните илегални имиграции во Европската унија, изјави дека би сакал да види како антимиграциските партии го освојуваат мнозинство на изборите во мај.

Италијанскиот потпретседател на владата Матео Салвини за време на посетата на Варшава во средата изјави дека Италија и Полска треба да ги здружат силите и да создадат евроскептични сојуз во борбата за европските гласови.

„Полско-италијански сојуз или сојуз на Варшава и Рим е еден од најголемите настани со кои оваа година можеше да започне“, рече Орбан, на прес-конференција опишувајќи го Салвини како „херој“ кој ја запира миграцијата на бреговите на Италија, пренесе Ројтерс.

„Имам голема надеж за ова“ рече тој.

Орбан изјави дека е „сит“ од фактот дека секој пат кога Европската народна партија, на која ѝ припаѓа и неговата партија Фидес, бара сојузници, ги бара во левите партии, кои тој ги нарекува промигрантски.

„Потребен е сојузот на Рим и Варшава, кој ќе биде против миграцијата, и кој е подготвен да работи заедно со антиимигрантските сили во ЕПП“, рече Орбан.

Сепак, Орбан ѝ вети верност на Европската народна партија, велејќи: „Се додека сме тука, а се надевам тоа ќе потрае, ќе ѝ останеме верни на нашата семејна партија“.

Тој додаде дека не е можен компромис со Германија околу миграцијата и покрај, како што вели „постојаниот притисок“ од Берлин на неговата влада да ги прифати мигрантите.

„Германската политика не ја почитува унгарската одлука дека не сака да стане имигрантска земја“, рече Орбан на прес-конференцијата. „Чувствувам особено од германските медиуми, понекогаш на многу груб начин, како вршат притисок врз нас да ги следиме нивниот пат (да ги прифаќањме на мигрантите) а ние тоа не го сакаме“, пренесе Ројтерс.

Целта на Унгарија е да се собере антиимигрантско мнозинство во Европскиот парламент, а потоа во Европската комисија, а подоцна кога националните избори ќе ја променат политичката карта на Европа, и во Европскиот совет каде што националните лидери ги донесуваат поголемиот дел од важните европски одлуки, рече Орбан.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе