„Не мора да ѝ се допаѓаме на уморната бриселска елита“

Орбан: Ние сме иднината на Европа

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Будимпешта научила дека „не мора да ѝ се допадне на уморната бриселска елита“, истакнувајќи дека Унгарија е иднината на Европа.

„Во последните 10 години научивме дека Европа не е во Брисел“, кажа Орбан во годишното обраќање до нацијата.

„Европа сме ние и не мора да ѝ се допаднеме на уморната бриселска елита... Во минатото мислевме дека Европа е нашата динина, а денес знаеме дека ние сме иднината на Европа“, кажа унгарскиот премиер.

„Историјата повторно им даде на народите на централна Европа шанса да изградат нов сојуз, заснован врз нивните национални интереси, кој би ни овозможил да се браниме од заканите и од Истокот и од Западот“, кажа тој.

Тој оцени дека последната деценија се најуспешните 10 години во последниот век од унгарската историја.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе