Орбан: Ние сме црната овца на ЕУ

Унгарија одби да ги прифати нелегалните емигранти за време на емигрантската криза во 2015 година и тоа беше единственото разумно однесување за да се одбрани земјата, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за американската телевизија Фокс њуз.

EPA-EFE

Отфрлајќи ги емигрантите, Будимпешта се спротивстави на повеќето земји од Европската Унија кои одлучија да ги отворат своите граници и, наводно, „да отворат ново поглавје на својата историја, нарекувајќи го ново општество“.

Според Орбан, станува збор за „постхристијански и постнационален режим“.

„Не постои начин да се знае дали исходот на тоа ќе биде добар или лош, но мислам дека е многу ризично. Секој народ има право да го преземе тој ризик или да го отфрли. Ние Унгарците решивме да не го преземаме тој ризик“, кажа тој.

Орбан истакна дека Унгарија има право да носи такви одлуки.

„Тоа доаѓа од Бог и природата и сите аргументи се на наша страна. Ова е наша земја, ова се наши луѓе, историја, јазик, и мораме да ги заштитиме. Нормално, ако некој е во неволја и Унгарците ви се најблиски, нормално дека ќе помогнеме, но влез во земјата без дозвола не е основно човечко право“, кажа Орбан.

Според него, таа одлука била основната причина за „остриот напад“ против Унгарија и неговиот личен углед, а „Унгарија е третирана како црната овца на Европската Унија“.

По повод неодамнешната изјава на американскиот претседател Џо Бајден, дека Орбан е „тотален силеџија“, унгарскиот премиер кажа дека со таа изјава Бајден „лично го навреди унгарскиот народ“, но бидејќи тој е претседател на САД, Унгарците мора да бидат скромни и полни со почит, но треба и да кажат дека тоа што го кажал е навредливо.

Билатералните врски меѓу Унгарија и САД е „во основа многу добри, особено во одбраната, економијата и трговијата“, кажа Орбан.

Унгарија ги гледа успешните односи со САД како предност дури и ако ставот на САД кон Унгарија се сменил. Причината за нападите е тоа што либералите го оспоруваат успехот на централноевропските држави, бидејќи е постигнат многу поинаку од она што западните земји го очекуваа, кажа тој.

„Ние градиме многу успешно општество, но неговите темели се многу различни од она што го сакаа многу европски земји. Западните либерали тоа не можат да го прифатат во рамки на западните цивилизации, бидејќи постои национална конзервативна алтернатива која е поуспешна во секојдневниот живот од либералниот поглед на светот“, кажа Орбан.

Тој ги истакна неодамнешните политички промени во САД и Израел, и дека Унгарија таму ги изгубила „големите поддржувачи на унгарскиот христијански конзерватизам“. На власт дојдоа противниците, што е „целосно нова околност за Унгарија“.

Што се однесува до изборите во Унгарија, кои се закажани за следната пролет, Орбан кажа дека бил изненаден што видел дека „меѓународната заедница прифаќа коалиција на комунистички политички сили и на антисемити кои заедно настапуваат на изборите“.

„Нормално, меѓународната левица ќе направи сè за да ја смени власта во Унгарија, спремни сме на тоа“, кажа унгарскиот премиер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе