Во осветлувањето на стадионот

Орбан нема да присуствува на натпреварот во Минхен поради боите на виножитото

Откако неколку германски политичари жестоко ја критикуваа одлуката на УЕФА за забрана да се осветли стадионот во Минхен во боите на виножитото за време на мечот Германија-Унгарија в среда, унгарскиот премиер Виктор Орбан ја откажа планираната посета на настанот.

EPA-EFE/TOBIAS HASE

„Дали стадионот во Минхен или некој друг стадион во Европа ќе биде осветлен во боите на виножитото не е одлука што лежи во рацете на државата“, рече Орбан.

Тој додаде дека и во Будимпешта знамињата во боите на виножитото се дел од уличниот колорит и дека тоа само по себе е разбирливо.

Во изјава за Германската новинска агенција (дпа), Орбан истакна дека хомосексуалците во Унгарија денес, за разлика од времето на комунизмот, уживаат заштита од државата.

Според германските медиуми, вечерва, наместо планираната посета на натпреварот од Европското фудбалско првенство меѓу Германија и Унгарија во Минхен, Орбан ќе отпатува за Брисел.

Претходно, неколку германски политичари, вклучително и баварскиот премиер Маркус Содер и градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер, ја критикуваа одлуката на УЕФА да го отфрли предлогот на градот Минхен за време на натпреварот стадион Алијанц арена, каде што се игра натпреварот, со помош на светла да се обои во боите на виножитото.

УЕФА притоа посочи на својата политичка и верска неутралност и заклучи дека акцијата во Минхен е планирана како политичка акција во знак на протест против една конкретна одлука на унгарскиот парламент.

Минатата недела во Унгарија беше донесен закон кој според проценките на многумина е насочен против правото на младите да бидат информирани за хомосексуалноста и транссексуалноста.

Содер ја опиша одлуката на УЕФА како разочарувачка и несоодветна.

„Тука станува збор за слободата и против дискриминацијата. Знамето во боите на виножитото во овој контекст се залага за слобода и модерна демократија“, рече Содер за јавниот сервис БР.

Градоначалникот на Минхен, Рајтер најави дека вечерва од Минхен и покрај забраната на УЕФА ќе биде испратен сигнал во правец на Унгарија и остатокот од светот.

Тој најави поставување знамиња во боите на виножито на Градското собрание во Минхен, а исто така се планира осветлување во боите на виножитото на една електрична ветерница која се наоѓа во близина на стадионот.

Акции на стадионот и околу него, исто така, најавија и ЛГБТ здруженијата од Минхен, кои очекуваат многу гледачи да носат со себе знамиња во бои на виножито на стадионот.

Исто така беше истакнат фактот дека капитенската лента на капитенот на германската репрезентација, Мануел Нојер е во бои на виножито. Поради тој факт, Нојер веќе бил предмет на истрага на УЕФА, која во меѓувреме била отфрлена.

Во знак на солидарност, стадионите во неколку германски градови треба да бидат осветлени во бои на виножито за време на натпреварите. Засега учеството во оваа акција е потврдено во Берлин, Келн, Франкфурт и Волфсбург.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/TOBIAS HASE

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе