Волстрит џурнал

Орбан не ги слуша американските наредби, сака неутрална надворешна политика на Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан им порача на американските дипломати дека сака да гради неутрална надворешна политика, а не да ги исполнува барањата на Вашингтон, јавува Волстрит џурнал.

Орбан, како што пишува американскиот весник, добил „наредби“ да се спротивстави на кинеското сајбер шпионирање и да ја поддржи Украина во спорот со Русија.

Како што се тврди, Орбан одбил да го изврши наложеното и порачал дека сака Унгарија да биде неутрална како Австрија.

Според американскиот весник, Орбан привлекува кинески инвестиции во информациската инфраструктура на Унгарија, а се противи и на преговорите на официјален Киев со НАТО на министерско ниво.

Орбан е и незадоволен од ситуацијата на намалување на можностите за школување на сопствениот јазик на унгарското малцинство во Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин на крајот на минатата година изјави дека во развојот на односите со Унгарија е постигнат голем напредок и дека е достигнато ново ниво на соработка. Путин изрази надеж за продолжување на заедничката работа на јакнењето на билатералните односи.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе