Орбан најави референдум за закон што ги поткопува правата на ЛГБТ лицата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави дека ќе се одржи референдум во Унгарија и побара поддршка од гласачите за новиот контроверзен закон што ги поткопува правата на ЛГБТ лицата, откако Европската комисија поведе прекршочна постапка против Будимпешта.

Фото: ЕПА

„Брисел во последните неколку недели очигледно ја нападна Унгарија поради законот кој ги штити децата. Унгарските закони не дозволуваат сексуална пропаганда во градинките, училиштата, на телевизија при рекламирање“, рече премиерот во видеото објавено на Фејсбук.

Потоа наброја пет прашања, меѓу кои и дали Унгарците прифаќаат на училиште да се зборува за сексуалноста со нивните деца без нивно одобрување, дали поддржуваат промовирање на третман за промена на пол за малолетници и дали поддржуваат „неограничена презентација пред малолетниците на медиумска содржина од сексуална природа што влијае на нивниот развој“.

Орбан, кој не го наведе датумот на референдумот, побара од Унгарците да одговорат „не“ на сите прашања.

Во средината на јуни, унгарскиот парламент донесе закон со кој се забранува „промовирање“ на хомосексуалноста кај малолетници.

Европската комисија смета дека законот е дискриминирачки за ЛГБТ+ лицата и покрена прекршочна постапка против Унгарија, што може да доведе до спор пред Судот на правдата на ЕУ, а потоа и до финансиски санкции.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе