Орбан: На Европа ѝ се потребни лидери кои се против емиграцијата (ВИДЕО)

Унгарскиот премиер Виктор Орбан кажа денес дека ќе бара начини за соработка со лидерот на италијанската крајна десница Матео Салвини, одалечувајќи се дополнително од европските конзервативци кои ја суспендираа неговата партија во март.

Европската народна партија (ЕПП) ја суспендираше партијата на Орбан Фидес наведувајќи ги како причини непочитувањето на владеењето на правото, слободата на медиумите и правата на малцинствата.

ЕПП е долго време во непријатен однос со Орбан, но се трудеа да избегнат целосен раскин со еден од најсупешните лидери во посткомунистичка централна Европа.

Орбан ги отфрла обвинувањата дека ги крши вредностите на ЕУ и кажа дека сака неговата партија да остане дел од ЕПП. Меѓутоа, во интервју за италијанскиот весник Ла стампа, објавено вчера, кажа дека најголемиот политички клуб во Европскиот парламент мора да ја отфрли својата аверзија кон крајната десница.

Унгарскиот премиер денес во Будимпешта кажа дека ќе бара наични да соработува со италијанскиот вицепремиер Салвини бидејќи, како што кажа, на Европа по мајските избори ќе ѝ бидат потребни лидери кои се против емиграцијата.

Орбан на конференција за новинарите со Салвини кажа дека, ако Европската народна партија се поврза со лево ориентирани партии по изборите за Европскиот парламент, ќе биде многу тешко неговата партија Фидес да остане во таа група, пренесува Ројтерс.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе