Будимпешта

Орбан: Ќе ги разоткриеме плановите на Брисел

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека луѓето имаат право да знаат „што намерава Брисел".

Тој наведе дека прашањето на миграцијата е „во игра на изборите за Европскиот парламент“ закажани за мај оваа година.

Во интервју за унгарското државно радио, Орбан рече дека неговата влада преку неодамна започнатата кампања преку билборди „ќе ги разоткрие плановите на бриселската бирократија“.

Тој рече дека актуелното „промигрантско“ мнозинство во Европскиот парламент се обидува да ја зголеми миграцијата „што би било еднакво на тоа Европа да им биде одземена на Европејците“.

Блумберг наведе дека Орбан ја бранел пропагандната кампања против претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер кој е претставен дека делува во име на американскиот милијардер со унгарско потекло Џорџ Сорос.

Орбан оцени дека оваа кампања е „базирана на факти“ и дека Јункер е одговорен за тоа што „дозволи Велика Британија да си оди, а ги доведе мигрантите“ во ЕУ.

Кампањата на унгарската влада претходно беше осудена од страна на Европската комисија, како и самиот Јункер, кој порача дека партијата на Орбан Фидес би требало да се исклучи од членство во конзервативната Европска народна партија.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе