Орбан ја спореди Европската Унија со Советскиот Сојуз

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на митинг во Будимпешта шест месеци пред претстојните парламентарни избори, го осуди односот на Европската унија кон неговата земја и Полска, споредувајќи ја со Советскиот Сојуз.

Фото: ЕПА

„Европската унија ни зборува и се однесува кон нас и Полјаците како кон непријатели“, рече тој пред симпатизерите на митингот по повод националниот празник и по повод обележувањето на антисоветското востание во 1956 година.

„Би било добро Брисел да разбере дека нас ни комунистите не успеаја да нè совладаат. Ние сме Давид, а на Голијат би му било подобро да го избегнува“, нагласи тој и ја поддржа Варшава во конфликтот со Брисел во врска со независноста на судството и приматот на европското право.

Десетици илјади луѓе излегоа на улиците во Будимпешта. Учесниците, од кои некои дошле од Полска, вееле полски знамиња и транспаренти со натписи „Брисел = диктатура“.

Орбан (58), кој владее цела деценија, се соочува со тежок предизвик кој го претставува Питер Марки-Зај (49), конзервативен градоначалник на мал град кој предводи обединет фронт на опозициски партии - од социјалистите, преку либералите, до некогаш крајно десните, а денес десноцентристичка партија Јобик.

Експертите предвидуваат исклучително тесна борба во април 2022 година, каква Орбан нема доживеано со години.

И Питер Марки-Зај во Будимпешта собра околу 5.000 луѓе пред кои изјави: „На луѓето им беше доста и во 1956, а и денес им е доста!“.

Орбан ги предупреди гласачите на опасноста од враќање на левицата и нагласи „дека постои само една левица, без разлика како се маскира“ и јавно изрази сомнеж за вмешаноста на Брисел и Вашингтон во изборите.

„Кога ни беше потребна нивната помош, тие не дојдоа. Сега кога не побаравме ништо од нив, тие се тука“, рече Орбан, алудирајќи на повиците на Унгарците до Западот да им помогнат во 1956 година.

Орбан им кажа на десетици илјади свои поддржувачи во центарот на Будимпешта дека Вашингтон и милијардерот Џорџ Сорос сакаат на изборите да победат „нивни луѓе“, односно обединетата левичарска опозиција и притоа ги даваат своите пари, медиуми и социјални мрежи.

„Но, не е важно што сакаат во Брисел, Вашингтон и во медиумите со кои се управува од надвор. Унгарците ќе одлучат за својата судбина“, рече Орбан во саботата.

„Нашата сила е во нашето единство... Ние веруваме во истите вредности: семејство, народ и силна и независна Унгарија“, додаде тој.

Во исто време, Марки-Зај на митинг на опозицијата рече дека, доколку биде избрана, неговата влада ќе подготви нацрт на нов устав, ќе ја сузбие корупцијата, ќе го воведе еврото и ќе ја заштити слободата на медиумите.

„Режимот стана морално неодржлив... замавот што го имаме сега ќе не однесе на изборите во април 2022 година“, рече тој.

Анкетите покажуваат дека меѓу Фидес на Орбан и опозицијата се води мртва трка, со четвртина неопределени гласачи.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе