Орбан ја разгневи ЕУ: „Нема да дозволиме Будимпешта да се извлече“

Министрите на ЕУ го критикуваа унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Критиките беа упатени поради проширувањето на ограничувањата на медиумите, судиите, професорите, малцинствата и групите за заштита на права, што е причина за загриженост дека слабее демократијата во Унгарија, пренесува Ројтерс.

Една година откако Европскиот парламент објави дека потезите на Орбан носат „јасен ризик од сериозно кршење на основните вредности на ЕУ“, министрите го одржаа првото официјално сослушување за Унгарија во Брисел.

Вчерашното сослушување се одржа како дел од истрагата за непочитување на владеењето на правото во Унгарија, што може да доведе до одземање на нејзиното право на глас во Европската Унија, ако се согласат сите други држави.

По состанокот, само полскиот министер за европски прашања Конрад Симански изјави дека Варшава не верува дека политиката на Орбан претставува системски ризик за демократските стандарди.

Другите истакнаа дека ЕУ нема да дозволи Будимпешта да се извлече.

„Без почитување на владеењето на правото нема ЕУ. Ова е темелот на кој се гради Унијата“, рече Франс Тимерманс, кој ги водеше истрагите и против Унгарија и против Полска.

„ЕУ на многу начини е како семејство, а во семејството мора да има правила, во спротивно тоа не функционира, а владеењето на правото е основа за тоа“, рече австрискиот министер за европски прашања Александар Шаленберг.

Орбан, кој е на власт од 2010 година, ја налути ЕУ со цврстите антимигрантски политики и грубите кампањи против тој блок со антисемитски тонови.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе