Унгарскиот премиер

Орбан ја одби листата на ЕУ на безбедни земји, ја отвора границата само за Србите

Унгарија нема да го послуша барањето на Европската Унија на листата на „безбедни земји“ да ги додаде земјите надвор од ЕУ, освен Србија, кажа денес премиерот Виктор Орбан.

EPA-EFE

Блокот од 27 земји мнозински го поддржа отворањето на своите граници за 14 земји за да ги поттикне патувањата и туризмот.

На листата на „безбедни земји“ се Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Црна Гора, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Србија, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај.

„Засега не можеме да го поддржиме барањето на ЕУ бидејќи тоа би било спротивно на здравствените интереси на унгарскиот народ“, кажа Орбан во видеото кое денес беше објавено на неговата фејсбук страница.

Србија, единствениот ингарски сосед на југот кој е надвор од ЕУ, е дом на бројно унгарско малцинство.

Италија, една од најпогодените земји во смисла на бројот на смртни случаи, исто така објави дека ќе остане на сила карантинот за државјаните на сите земји надвор од шенгенската зона.

За оние кои минуваат низ Унгарија во други земји повторно ќе се воспостави „хуманитарен коридор“, кој беше воспоставен на врвот на првиот бран на епидемијата во Европа, кажа Орбан.

„Сите кои патуваат низ Унгарија ќе мора да го користат тој коридор“, кажа Орбан. „Ќе останат на сила строгите гранични контроли“, додаде тој.

Унгарија заклучно со вчера има 4.157 заразени со коронавирусот и 586 смртни случаи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пост-ковид училиштето е иднината што ни се случува сега. За само еден миг, таа со себе ги донесе најголемите предзвици со кои се соочува човештвото на овој век.

повеќе

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе