Будимпешта

Орбан испрати писмо: Се извинувам, но останувам на моите ставови

Унгарскиот премиер Виктор Орбан испрати писмо до европските политичари кои иницираа протерување на неговата партија Фидес од Европската народна партија (ЕПП).

Тој во писмото се извини за навредливите зборови, но истакна и дека останува при своите политички ставови.

Портпаролот на унгарската влада рече дека писмата се испратени на адресите на сите 13 партии во Европскиот парламент кои побараа исклучување на Фидес, но неколку од нив рекоа дека тоа не е доволно добро.

„Не е тајна дека постојат сериозни несогласувања... по прашањето на миграцијата, заштитата на христијанската култура и иднината на Европа“, Орбан му напиша на Вутер Беке, лидерот на белгиските Фламански демохристијани (ЦДиВ) во едно од писмата, во копија од писмото увид имал Ројтерс.

„Исто така не е тајна дека не сакаме да ја промениме нашата позиција за овие прашања. Сепак, сметам дека не е разумно ваквите несогласувања да се решат со протерување на партијата од нашето политичко семејство“, напиша тој.

Орбан се извини поради тоа што критичарите ги нарекол „корисни идиоти“, фраза што тој рече дека ја позајмил од Ленин и имал намера да ја користи во однос на политиките, а не индивидуалните политичари.

Извинувањето од Орбан до членовите на ЕПП беше еден од неколкуте услови за да остане во групата поставено од лидерот на парламентот, германскиот политичар Манфред Вебер.

Извор близок до Вебер изјави дека извинувањето е „почеток, но можело да има повеќе. Се разбира, не е доволно да се изгради доверба... Многу други сигнали сè уште се потребни“.

„Затоа, би сакал да ве замолам да го преиспитате вашиот предлог за исклучување, ако е можно“, додава Орбан.

Неколку други европски конзервативни водачи рекоа дека нивните партии нема да ги повлечат своите повици за протерување на Фидес.

„Ги прифаќам извинувањата, но ова не беше заради навреда кон Вутер Беке“, објави на Твитер Беке. „Станува збор за почитување на европските вредности и подобра соработка за чување на надворешните граници на ЕУ. Не гледам промени таму. ЦДиВ остануваат на својата позиција: нема место за Фидес во ЕПП“.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе