Изразија и несогласување со планот на ЕУ за борба против климатските промени

Орбан и Бабиш: Емигрантите се закана за иднината на земјите од централна Европа

Унгарскиот премиер Виктор Орбан порача дека нелегалните миграции претставуваат закана за иднината на земјите од централна Европа.

EPA-EFE

Тој по состанокот со чешкиот премиер Андреј Бабиш кажа дека очекува милиони бегалци од Авганистан да се обидат да влезат во Европската Унија во новиот бран масовни миграции.

Бабиш, кој ги дели тврдите политички ставови на Орбан, по состанокот кој двајцата премиери го одржаа на северот на Чешка, соопшти дека неговата влада се согласила да испрати 50 полицајци да помогнат во чувањето на оградата изградена на границата на Унгарија со Србија, која е дел од надворешната граница на ЕУ.

Миграциите не се единствената тема во која актуелните чешка и унгарска влада, како и нивните регионални партнери во Полска и Словачка, често имаат различни ставови од властите на ЕУ.

Орбан и Бабиш изразија и силно несогласување со планот на Брисел за борба против климатските промени.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе