Орбан го поддржа Додик: РС е почесен сосед на Унгарија, Бог да ги благослови Србите (ВИДЕО)

Унгарскиот премиер Виктор Орбан отворено го поддржа Милорад Додик во неговата кандидатура за претседател на Република Српска.

Фото: ЕПА

Во краткото видеообраќање Орбан ниту еднаш не ја спомена државата Босна и Херцеговина, но затоа Република Српска ја нарече „почесен сосед на Унгарија“, пишува босански Кликс.

„Унгарија и Србија се соседи, но Унгарија ја смета Република Српска за свој почесен сосед. Затоа тоа што се случува во вашата земја е многу важно за нас. Тоа влијае на Унгарија и на целиот регион, но секако дека влијае и на вашите животи, значи на животите на нашите пријатели“, вели во видеото премиерот на Унгарија.

Орбан рече и дека во Република Српска се одржуваат избори, а Додик го нарече „вашиот претседател“, иако тој е член на Претседателството на БиХ.

„Во Република Српска претстојат важни избори. Добро го познавам вашиот претседател, г. Додик, кој ѝ е добар пријател на Унгарија и на унгарскиот народ, а исто така сум горд со нашето пријателство. Во него запознав човек што е подготвен да го зачува мирот, кој е отворен за дијалог, кој се залага за почитување на Дејтонскиот договор и кој секогаш и во сите прилики ги штити интересите на српскиот народ.

Секогаш сум го поддржувал Додик и затоа сакам да соработувам со него во иднина. Се надевам дека по изборите ќе имам можност да го сторам тоа. Бог да ги благослови сите Срби на целиот Балкан“, рече Орбан во видеообраќањето.

Кликс пишува дека е невообичаено обраќањето кон еден народ, наместо кон сите граѓани на една земја. Тие наведуваат и дека Орбан во својот говор целосно ја игнорирал Босна и Херцеговина.

Орбан претходно најави дека неговата влада ќе го блокира секој обид на ниво на Европската Унија за воведување санкции кон Додик поради постојаното оспорување на територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина и заканата од отцепување на РС.

Додик претходно одлучи дека нема да се бори за уште еден мандат во државниот врв на изборите закажани за 2 октомври, иако има законско право на тоа. Тој одлучи да се бори за функцијата претседател на РС, а во Претседателството на БиХ планира да биде заменет од актуелната ентитетска претседателка Жељка Цвијановиќ.

Една од ретките анкети чии резултати се објавени во јавноста покажа дека и покрај агресивната изборна кампања, Додик заостанува зад кандидатката на здружената опозиција Јелена Тривиќ.

Медиумите под контрола на Додик неделава ги објавија резултатите од наводната анкета на една унгарска агенција, во која се наведува дека Додик има предност.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе