Орбан го обвини британскиот сој за растот на бројот на заразени

„Бројот на заразени со коронавирус во Унгарија е повторно во пораст, што веројатно се должи на ширењето на вирусот што за првпат беше забележан во Велика Британија", рече во петокот премиерот Виктор Орбан на државното радио.

EPA-EFE

Сепак, Орбан рече дека нема потреба од понатамошни мерки за затворање за да се спречи инфекцијата со оглед на тоа дека планираното забрзување на вакцинацијата со руски и кинески вакцини може да го неутрализира порастот на заразените во следните недели.

„Ако започнеме вакцинирање и со кинеската вакцина, ќе можеме да ги вакцинираме сите луѓе (повеќе од 2 милиони) кои се пријавиле за вакцината до Велигден“, рече Орбан.

Унгарија очекува следната недела да добие 500.000 дози вакцина од кинеската компанија Синофарм, со планови наскоро со неа да започне вакцинирањето на граѓаните, со што ќе стане прва земја на Европската унија што ќе го стори тоа.

Оваа недела, Унгарија стана првата членка на Европската унија што започна да вакцинира со руската вакцина Спутник V, откако регулаторот за лекови даде зелено светло, без да чека одобрување од Европската агенција за лекови (ЕМА).

Унгарскиот регулатор исто така гарантираше одобрување на вакцината Синофарм што се користи во Србија.

Орбан рече дека целта е да се вакцинираат доволен број луѓе против ковид-19, кои потоа би добиле документ, т.н. ковид-пасош, заедно со оние кои се опоравиле од инфекцијата.

Тој најави можност со помош на овој документ вакцинираните лица да можат да посетуваат ресторани и хотели, што, според него, ќе помогне во закрепнувањето на економијата. Рестораните се затворени од ноември, освен за достава на храна, додека од 19 часот во сила е ноќниот полициски час.

Досега, нешто повеќе од 300.000 Унгарци - здравствени работници и најранливите меѓу постарите лица - примиле барем една доза на вакцината Фајзер/Бајонтек или на Модерна. Оваа недела Унгарија започна да вакцинира и со вакцината Астра зенека/Оксфорд.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе