Орбан ги обвинува климатските политики на ЕУ за зголемените цени на енергентите

Во петокот, унгарскиот премиер Виктор Орбан го обвини делувањето на Европската унија во борбата против климатските промени за зголемувањето на цените на енергентите и најави дека заедно со Полска ќе заземат заедничка позиција за ова прашање на следниот самит на ЕУ.

Фото: ЕПА

Скокот на цените на енергентите ги зголеми тензиите меѓу членките на ЕУ во врска со нивните политики за зелена транзиција. Богатите земји тврдат дека ова докажува дека е потребно да се продолжи со новите климатски политики, додека посиромашните членки на Унијата се загрижени дека сметките на потрошувачите ќе растат.

Аналитичарите велат дека цените на гасот се главниот двигател на трошоците за електрична енергија во Европа, а зголемените трошоци за дозволите на пазарот на јаглерод во ЕУ придонесоа за околу една петтина од зголемувањето на цената на енергијата.

Орбан, кој се соочува со избори следната година, во петокот за државното радио изјави дека „бирократите во Брисел“ се борат против климатските промени со континуирано зголемување на цените на енергијата произведена со помош на јаглен и гас, што доведе до зголемени сметки за домаќинствата низ Европа.

Националистичката влада на Орбан ги ограничи цените на гасот и електричната енергија за домаќинствата во 2010 година, практично ги замрзна цените и мерките оттогаш се на сила.

„Овие одлуки (на ЕУ) мора да се повлечат... сегашните цени на гасот се на нивото што треба да бидат во 2035 година. Брисел денес не е решение, туку е проблемот“, рече Орбан.

„Полјаците, Чесите и ние Унгарците бараме да се повлечат правилата“.

Плановите на ЕУ за проширување на трговијата со јаглерод во секторите за транспорт и греење наидоа на отпор и од богатите и од помалку богатите земји, кои се грижат дека потрошувачите ќе сносат повисоки трошоци.

Шефот на ЕУ за климатска политика Франс Тимерманс рече дека штетните емисии од европскиот транспортен сектор се во пораст. Ако не се контролираат, целта на ЕУ за намалување на емисиите на стакленички гасови за најмалку 55 проценти до 2030 година ќе биде загрозена.

„Комесарот по име Тимерманс претставува најголема закана за нас“, рече Орбан.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе