Орбан: ЕУ сака да испрати платеници кои ќе ги пуштаат мигрантите

Унгарската влада во понеделник ќе одлучи за правните чекори да ја оспори одлуката на Европскиот парламент против земјата заради непочитување на демократските стандарди, рече премиерот Виктор Орбан.

Европскиот парламент во средата гласаше за санкционирање на Унгарија заради непочитување на правилата на ЕУ за демократија, граѓански права и корупција.

Орбан за државното радио изјави дека очекува „сериозна правна расправа“ во врска со одлуката.

Орбан, еден од најжестоките противници на имиграцијата во Европската унија, истакна дека, со оглед на тоа што европските избори се одржуваат следната година, деновите на сегашниот парламентот се одброени.

Тој, исто така, ја критикуваше германската канцеларка Ангела Меркел, откако таа во четвртокот апелираше до државите на ЕУ да осигураат Фронтекс да има доволно сила да ја спречи илегалната имиграција, во согласност со плановите на Европската комисија.

„Значи, планот е доколку Унгарија не може да биде присилиена да прими мигранти, тогаш мора да ѝ се одземе правото да ги штити своите граници“, рече Орбан.

„Сакаат да испратат платеници тука од Брисел и да им оневозможат на нашите синови да ги штитат границите“, рече тој. „И не смееме да имаме никакви илузии, ќе ги пуштат мигрантите да влезат“, додаде Орбан, пренесе Ројтерс.

Република Македонија е мала држава на Балканот чија основна цел е опстанокот во меѓународните односи и грижа за благосостојбата на сопствените граѓани.

повеќе

Заев побара од дипломатите да се воздржуваат од активности меѓу гласачите спроти референдумот, а онаа од поддржувачите не му пречи.

повеќе

Македонија по оваа авантура нема каде да се врати и единствениот пат по кој треба да тргне е патот на внатрешно реформирање и интраетничко помирување и обединување.

повеќе