Орбан бара Брисел да надомести дел од трошоците за заштита на границите на ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во писмото до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вчера го повтори повикот Брисел да ѝ ги надомести на неговата земја трошоците за заштита на границата на Европска Унија.

Фото: ЕПА

Во писмото објавено на официјалниот сајт на Владата, Орбан тврди дека досега мерките на заштита на границата на Унгарија станаа „пример” во цела Европа, пренесува МТИ.

„Новата миграциска криза се одвива на прагот на Европската Унија. Како што знаете, хибридните употреби на миграцијата што потекнуваат од Белорусија, како и катастрофалната евакуација на силите за безбедност од Авганистан, може потенцијално да доведат до уште потешка криза од таа на која сме биле сведоци во 2015 година“, напиша унгарскиот премиер.

Орбан рече дека верува дека единствена причина на сегашната „кревка стабилност” на ЕУ е фактот што Унгарија, заедно со другите држави-членки, успешно ги штити надворешните граници на Унијата.

„Само Унгарија досега потроши повеќе од 1,64 милијарда од националниот буџет за заштита на границите”, напиша Орбан.

Тој напомена дека Унгарија беше меѓу првите земји што изградија физичка гранична ограда, за што се покажало во текот на минатите години дека може да ја заштити безбедноста на граѓаните и на Унијата во целина.

Орбан нагласи и дека со текот на времето унгарските мерки за заштита на границата станале пример, како и дека гранични огради сега исто така се градат во Грција, Шпанија, Бугарија, Словенија, Естонија, Литванија, Летонија и во Полска.

„Сево ова ги оправдува барањата за финансирање што Унгарија веќе долго време ги споменува“, порача Орбан.

Тој напиша дека е време Комисијата да го направи тоа што веќе одамна требало да го направи - да препознае дека заштитата на надворешната граница е неоспорна манифестација на европската солидарност и дека напорите на државите-членки во тој контекст заслужуваат признание и поддршка.

Тој рече дека ЕК не може да ги игнорира „значителниот материјал, човечките и финансиските ресурси” што ги вложила Унгарија во заштитата на внатрешната безбедност на ЕУ во минатите шест години.

„Унгарија реши да преземе целосна одговорност за укинување на илегалните миграции долж јужниот дел на надворешните ЕУ граници, а сега е обврска на Унијата чесно да придонесе на нашите напори и расходи”, рече Орбан во писмото.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе