Орбан: Ако ЕУ ни ги скрати средствата, ќе ги земеме од друг извор

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан навести дека неговата земја, доколку Европската Унија ѝ ги скрати финансиските средства, ќе се сврти кон други извори на капитал.

EPA-EFE

Неговата изјава следи откако Европскиот парламент побара од Европската комисија да ја ревидира финансиската помош од претходно одобрените фондови за таа земја бидејќи заклучиле дека Унгарија „повеќе не е целосно демократска“.

„Ако бриселските бирократи не ни ги дадат парите, на кои Унгарија има право, тогаш неопходните средства ќе ги побараме од други финансиски извори“, кажа Орбан. „Почнавме разговори со ЕУ и други меѓународни партнери“.

Ги критикуваше санкциите против Русија

Унгарската влада треба да се подготви за продолжена војна во соседна Украина, порача Орбан во националниот парламент, остро критикувајќи ги санкциите воведени на Русија, оценувајќи дека тие ги креваат цените на енергенсите.

Орбан кажа дека санкциите на ЕУ предизвикале повратен ефект и дека не е изненадување тоа што паѓаат европските влади, алудирајќи на неделните избори во Италија по кои Џорџа Мелони најверојатно ќе стане првата жена премиер на Италија, на чело на најдесничарската влада од Втората светска војна, пренесува Ројтерс.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе