Општа паника во Русија поради симултани закани со бомби (ФОТО+ВИДЕО)

Над 20.000 луѓе се евакуирани од трговски центри, железнички станици и од универзитети во Москва, по дојави дека на тие места се поставени бомби, јавуваат руските медиуми.

Околу 190 места во 17 градови низ Русија се евакуирани поради закани со бомби, но проценката е дека станува збор за телефонски тероризам и кредибилитетот на дојавите допрва се проверува.

„Во моментов се евакуираат 30 места, а над 20.000 луѓе се извадени надвор. Точниот број сѐ уште не е потврден“, објави Тасс повикувајќи се на извор од службите за итни интервенции.

Според истиот извор, повиците почнале симултано и продолжиле за време на евакуацијата.

Итните служби соопштија дека специјални одреди се на лице место, а дека полицајци со кучиња ги проверуваат објектите, пишува Раша тудеј.

Меѓу засегнатите локации се сите три најголеми железнички станици во Москва, над 20 трговски центри, вклучувајќи го и ГУМ на Црвениот плоштад и барем еден универзитет.

Руските медиуми јавуваат дека се добиени анонимни дојави за поставени бомби на  Црвениот плоштад, меѓународниот аеродром Шереметјево и на неколку московски универзитети.

 

Тоа е нашата политичка наивност- да се верува дека правото е семоќно орудие во разрешавањето на сите проблеми. А каде е моралната, политичката, социјалната, психолошката страна на проблемите? 

повеќе

Премолчувањето на јавнот интерес во законските решенијазначи изостувањето на клучниот критериум за оправданоста на концесиите на добрата од општ интерес.

повеќе

Фатени на дело во многу  кражби, сите праведни граѓани на оваа земја беа убедени дека на арамиите ќе им се суди по примерот на Жан - по кратка  постапка.

повеќе