Опозициски лидери во Белорусија казнети со десет дена затвор

Белоруски суд на опозициски лидери им одреди десет дена затвор, додека владата трага по уште неколкумина кои сè уште се на слобода, воочи планирани уште протести против претседателот Александар Лукашенко.

EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

И покрај тоа што повеќето поважни лидери на опозицијата се во затвор или егзил, Лукашенко сè уште не успеа да ги угаси протестите против неговото 26-годишно владеење две недели по изборите, за кои неговите противници велат дека биле наместени.

Во текот на викендот десетици илјади луѓе излегле на улиците и мирно се разотишле. Лукашенко негира изборна измама. Тој ги нарече демонстрантите „стаорци“ и рече дека се финансирани однадвор.

Сергеј Дилевски, кој ги предводел протестите во фабриката за трактори во Минск, еден од најпознатите индустриски погони во земјата, се појави денес на суд во челичен кафез, еден ден откако е уапсен. Судот го осуди на десет дена затвор за непочитување на власта, додека обвинителите ќе го гонат Координативниот совет за обид за преземање на власта.

Набргу потоа, судот ја осуди Олга Ковалкова, високо рангирана членка на опозицискиот совет, на 10 дена затвор, без да наведе причина.

Белорускиот Врховен суд денес го отфрли приговорот на лидерката на опозицијата и претседателската кандидатка Светлана Тихановскаја, која бара поништување на резултатите од спорните претседателски избори на кои Лукашенко на 9 август според официјалните резултати победи, пренесе ТАСС.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе