Заедничко соопштение на 27 партии

Опозицијата во Венецуела не излегува на изборите

Главните опозициски партии во Венецуела официјално соопштија дека нема да учествуваат на парламентарните избори кои се закажани за декември.

EPA-EFE

Во заедничко соопштение на 27 партии, наведено е дека не сакаат да учествуваат во „изборната измама“ која ја организира режимот на претседателот Николас Мадуро.

„Исцрпувајќи ги сите напори и во земјата и надвор од неа да постигнеме натпреварувачки избори кои би обезбедиле почитување на суверената волја на народот, ние, демократските политички организации на Венецуела, ги информираме граѓаните и меѓународната заедница дека едногласно решивме да не учествуваме во изборната измама, која ја организира режимот на Мадуро“, се наведува во соопштението.

Документот го потпишаа 27 партии.

Изборите во Венецуела се закажани за 6 декември, а партиите имаат време да се регистрираат меѓу 10 и 19 август.

Предизборната кампања ќе трае од 21 ноември до 5 декември.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе