Операторот на Северен тек бара опрема за поправање на саботираниот гасовод

Оштетувањата на рускиот гасовод Северен тек би можеле да бидат поправени со опремата на специјализирано здружение за поправање гасоводи и подморска инсталација ПРСИ Пул, извести операторот денес во изјава за Ројтерс.

EPA-EFE

Операторот на гасоводот во понеделникот извести за нагло паѓање на притисокот во цевките, а Данска објави дека во Балтичкото Море истекува гас. Потоа беше утврдено дека гас истекува и од вториот крак на гасоводот и дека двата крака се оштетени на неколку места. Норд стрим истакна денес во изјава за Ројтерс дека гасоводот може да биде поправен со опрема на ПРСИ Пул.

Непрофитното здружение ПРСИ Пул им обезбедува на членките опрема за поправање на гасоводите, а го формирале во 1987 година норвешките компании Статоил и Норске хидро на барање на норвешките власти. Организацијата опфаќа дваесетина оператори кои управуваат со цевководи со должина од 20.000 километри.

„Станува збор за некој вид осигурување. Не сакате да трошите пари на тие работи, но кога ќе ви притреба, сакате да функционира“, објасни своевремено директорот на ПРСИ Пул Јан Олав Берге.

„Норд стрим АГ е член на ПРСИ Пул и може да ја вклучи организацијата во подоцнежната фаза на поправката, откако ќе се утврди стратегијата за поправање и решението“, порача операторот на Северен тек.

Мнозински сопственик на Норд стрим АГ е руски Газпром, а останати акционери се германски Винтершел и ЕОН, француски Анжи и холандски Гасуни.

Европската Унија отвори истрага за оштетувањата на гасоводот на двата крака, кажувајќи дека се сомнева во саботажа.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе