Во случај на брегзит без договор

„Операција Јелоухамер“ - објавено најлошото сценарио за Велика Британија

Британските министри беа принудени да објават документ што предвидува јавни немири, поскапувања и недостиг од храна и лекови.

Брегзитот без договор може да резултира со зголемување на цената на храната и горивата, нарушување на снабдувањето со лекови и немири на улиците на Велика Британија, вели таен документ што пратениците ја присилија владата да го објави во средата.

Објавен е документ од пет страници во кој се наведени „претпоставките за планирање“ на владата во рамките на операцијата Јелоухамер - владиниот план за брегзит без договор.

Содржината на документот е неверојатно слична на тајниот план што го објави Сандеј тајмс во август, кој владата тогаш го отфрли како застарен.

Тој документ беше опишан како „очекувано сценарио“; но новиот документ тврди дека ова е „најлошото сценарио“.

Плановите на британската влада да ја напушти ЕУ без договор може да предизвикаат големи пречки во преминот преку Ламанш, што би влијаело на снабдувањето со лекови и одредени видови свежа храна, предупредува документот на британската влада „Јелоухамер“ и истакнува дека дури 85 отсто од камионите што минуваат преку Каналот можеби не се подготвени за нов француски царински режим.

Недостигот од лекови може да донесе и ризик од избивање епидемии.

Исто така се вели дека е можно протести и контрапротести да се одржуваат низ цела Велика Британија и да прераснат во немири.

Документот „Операција Јелоухамер“ бил подготвен од британската влада уште на 2 август и претставува основа за нејзиното планирање на брегзит без договор, пренесува Ројтерс.

Документот, кој предвидува што може да биде најлошото што може да се случи ако Велика Британија ја напушти Европската Унија на 31 октомври без договор, смета дека спремноста на јавноста и на економијата за таков исход веројатно ќе биде мала, делумно и како резултат на тековната политичка конфузија околу брегзитот.

Во него се наведува дека камионите ќе треба да чекаат и по два и пол дена за да го преминат Каналот и дека британските граѓани ќе бидат изложени на засилени имиграциски контроли на граничните премини со ЕУ.

„Одредени видови понуда на свежа храна ќе се намалат. Постои ризик дека паничното купување ќе го влоши или ќе го прекине снабдувањето со храна“, се вели во документот.

Министерот надлежен за координација на подготовките за брегзит без договор Мајкл Гоув рече дека документот е стар и дека не го отсликува сегашното ниво на подготвеност.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе