Британија

Операција „Алис“: Тајна вежба за пандемија на коронавирус од 2016

Британската влада уште во 2016 година спровела вежба чија цел било испитување на епидемија на коронавирус, но се обидела да ја зачува како тајна, пишува Гардијан.

EPA-EFE

Како што пишува лондонскиот весник, вежбата под назив „Алис“ била одржана во 2016 година, а учествувале функционери на неколку владини тела. Вежбата предвидувала избивање на епидемија на МЕРС, болест предизвикана од коронавирус, на Блискиот Исток.

Станува збор за една од вкупно 10 претходно непријавени вежби за пандемија одржани дури пет години пред ковид-кризата. Новите сознанија се објавени по донесувањето нови закони за објавување информации од јавно значење.

Здравствените експерти претходно одбиваа да објават детали од вежбите, повикувајќи се на заштита на националната безбедност, пишува Гардијан.

Еден од водечките епидемиолози кажал дека вежбата „Алис“ можела да биде „сосема релевантна“ во борбата против ковид, бидејќи борбата против актуелната пандемија во првите недели била правена врз основа на планови на борба против грипот, а не против коронавирусот.

Еден високопозициониран владин советник кажал дека е „необично“ тоа што деталите од оваа вежба не биле проследени до надлежните тела за борбата против пандемијата.

Болничката консултантка Муша Куреши, која дошла до новите податоци, кажала дека членови на британскиот парламент би требало јавно да го постават прашањето зошто министерот за здравство Мет Хенкок не ја пренел информацијата во парламентот дека владата правела модели за различни облици пандемија, вклучувајќи коронавирус.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе