Опаѓа бројот на жители во Хрватска

Во само 10 од вкупно 128 градови во Хрватска во текот на 2019 година бројот на родените деца бил поголем од бројот на умрените лица, пишува Јутарњи лист.

EPA-EFE

Според податоците на Државниот завод за статистика, најлошиот прираст меѓу градовите центри на жупании (општини) има Вуковар, во кој минатата година биле родени 194 бебиња, а бројот на умрени е 405. Најдобро стои Задар, во кој бројот на новородените и умрените е речиси изедначен (686 новородени деца и 705 починати).

Во четири хрватски општини – Ервеник, Кијево, Саќурај и Рибник, во 2019 година не се родило ниедно дете.

Збирните податоци покажуваат дека во 2019 во Хрватска се родиле 36.135 деца – најмалку од 1900 година, односно од кога има податоци, додека истовремено умреле 51.784 лица.

Само по природен пат, не сметајќи ги иселениците, населението на Хрватска минатата година се намалило за град со големина на Дебар.

Виталниот индекс, показателот кој кажува колку деца се родиле на секои 100 починати лица, во Хрватска изнесува 69,8. Ниедна општина немала витален индекс поголем од 100, што би значело дека бројот на родените е поголем од бројот на умрените.

Бројот на родените деца константно се намалува од втората половина на деведесеттите, а бројот на умрените помалку или повеќе стагнира.

Првите податоци предупредуваат дека негативната тенденција ќе продолжи: во првите шест месеци од оваа година се родени околу 150 деца помалку отколку во истиот период лани, пишува Јутарњи лист.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе