ООН усвои резолуција, повик за глобална акција за брзо наоѓање лек

Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција во која се бара глобална акција насочена кон брзо производство на лекови, вакцини и опрема за борба против пандемијата на коронавирусот.

Со резолуцијата, чиј нацрт го предложи Мексико, се бара од генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш да работи со Светската здравствена организација и да предложи опции што ќе обезбедат пристап до тестирање, медицинска опрема и лекови за сите што имаат потреба, особено за земјите во развој.

Се потсетува дека Обединетите нации имаат клучна улога во координирањето на глобалната реакција на контролата и спречувањето на ширењето на ковид-19 и се потврдува поддршката на 193 земји-членки на ООН до Светската здравствена организација.

Претседателот на Генералното собрание, Тиџани, Мухамед Банде, синоќа го испратил писмото до земјите-членки на ООН и бидејќи немало приговори за резолуцијата, таа била усвоена.

Ова е втора резолуција за ковид-19 усвоена од светската организација.

Генералното собрание на ООН на 2 април усвои резолуција во која се констатирани „невидените ефекти“ на пандемијата и се повикува на „засилена меѓународна соработка за борба и ублажување на последиците од вирусот.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе