ООН: Разорно влијание на пандемијата врз туризмот, загрозени се 120 милиони работни места

Генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш денеска изјави дека пандемијата на ковид-19 ја уништила туристичката индустрија затоа што во првите пет месеци од оваа година се изгубени 320 милијарди американски долари и загрозени се повеќе од 120 милиони работни места.

Гутереш на видеоконференцијата рече дека туризмот е трет по големина извозен сектор, по горивата и хемикалиите, и дека учествувал со седум проценти во трговијата минатата година.

„Еден од 10 луѓе на Земјата е вработен во туризмот и тој обезбедува егзистенција за стотици милиони луѓе. Тоа ја стимулира економијата. Им овозможува на луѓето да запознаат некои од светските културни и природни богатства и ги зближува луѓето“, рече Гутереш.

Генералниот секретар на ООН изјави дека во првите пет месеци од оваа година, поради пандемијата на коронавирусот, меѓународните пристигнувања на туристи се намалени за повеќе од 50 проценти.

Гутереш рече дека влијанието на ковид-19 врз туризмот е „голем шок“ за побогатите и развиените земји, но дека земјите во развој се уште потешко погодени, особено малите островски држави во развој и африканските земји.

Туризмот за некои од тие земји претставува повеќе од 20 проценти од нивниот БДП, рече тој.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе