ООН одби две резолуции за ковид-19, од Русија и од Саудиска Арабија

Генералното собрание на Обединетите нации денеска одби две резолуции за пандемијата на коронавирусот, едната од Русија, а другата од Саудиска Арабија.

Собранието вторпат ја отфрла руската резолуција.

Според новите правила за гласање, кои се донесени затоа што Собранието не заседава за време на пандемијата, нацрт-резолуцијата се испраќа до земјите-членки.

Ако една држава вложи приговор пред крајниот рок, резолуцијата се поништува.

Обично, резолуциите се донесуваат со мнозинство гласови или со консензус.

Портпаролката на Генералното собрание Рим Абаза потврди дека биле вложени приговори против руската и саудиската предлог-резолуција.

Во првата руска резолуција, која не успеа да помине во Собранието на 2 април, се повикуваше на прекин на трговските војни и протекционистичките мерки, како и да не се применуваат еднострани санкции без одобрение од Советот за безбедност на ООН.

Ревидираната резолуција, одбиена денес, го задржа делот за прекин на протекционистичките мерки.

Саудиска Арабија, која моментно претседава со Г-20, во својот нацрт повикува на „ефективна и координирана борба“ против ковид-19, како и да се „вбризгаат 5 милијарди американски долари во светската економија“ за да се ублажат последиците од пандемијата.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе