ДЕ ФАКТО ЛИДЕРКАТА НА ЗЕМЈАТА НЕМА ДА ОДИ НА СЕДНИЦАТА НА ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ

Онг Сан Су Ки го откажа присуството во ОН, наспроти кризата во Мјанмар

Онг Сан Су Ки, поранешната мјанмарска опозиционерка и добитничка на Нобелова награда за мир, нема да присуствува на Генералното собрание на ОН наредната недела, соопшти денеска нејзиниот портпарол.

Су Ки, де факто лидерката на Мјанмар, го откажа присуството во ОН наспроти кризата во Мјанмар, поради која што повеќе од 370.000 припадници на муслиманското малцинство Рохинџа избегаа во Бангалдеш.

„Државната советничка нема да присуствува на Генералното собрание на ОН на крајот од септември“, изјави Зав Хтај само неколку часа пред состанокот на Советот за безбедност на ОН посветен на кризата во Мјанмар.

Високиот комесар на ОН за човекови права, Зеид Раад ал Хусеин, изјави дека припадниците на Рохинџа во Мјанмар се соочуваат со етничко чистење.

Од Мјанмар, земјата со будистичко мнозинство, Рохинџа се во бегство од 25 август. Тогаш, муслиманските бунтовници ги нападнаа полициските станици и воени пунктови, што предизвика освета од мјанмарските војници.

Тоа е нашата политичка наивност- да се верува дека правото е семоќно орудие во разрешавањето на сите проблеми. А каде е моралната, политичката, социјалната, психолошката страна на проблемите? 

повеќе

Премолчувањето на јавнот интерес во законските решенијазначи изостувањето на клучниот критериум за оправданоста на концесиите на добрата од општ интерес.

повеќе

Фатени на дело во многу  кражби, сите праведни граѓани на оваа земја беа убедени дека на арамиите ќе им се суди по примерот на Жан - по кратка  постапка.

повеќе