ОН велат бомбите ќе го уништуваат Мосул повеќе од една деценија

Ирачкиот град Мосул ќе остане покриен со неексплодирани бомби уште една деценија, загрозувајќи го милионот или повеќе цивили кои сакаат да се вратат дома по завршувањето на тригодишната окупација на Исламската држава, рече експертот за деминирање на ОН.

Пер Лодама, виш програмски менаџер во Службата за деминирање на ОН (УНМАС), изјави дека уништувањето на Мосул оставило околу 11 милиони тони остатоци, а две третини од експлозивните направи се сметаат дека се закопани под урнатините.

„Проценивме дека ќе помине повеќе од една деценија додека западен Мосул да се расчисти. Густината и сложеноста оневозможуваат ова  да се заврши во рок од неколку месеци, па дури и во рок од неколку години“, изјави тој на прес-конференцијата во Женева, пренесе Ројтерс.

„Видовме муниција фрлена од воздух, пуштени бомби од 200 кила што одат 15 метри длабочина во земјата па дури и подлабоко. Само едно вакво парче да се извади се потребни денови, а понекогаш и недели.“

Минатата година УНМАС отстрани 45.000 експлозивни направи и 750 импровизирани експлозивни направи (ИЕДс) низ Ирак, вклучувајќи и над 25.000 во западен Мосул. Други области, како што се Фалуџа и Синџар, исто така, имаа потреба од деминирачка помош.

Минатата недела тимот кој деминира откри фабрика на ИСИС за производство на импровизирани експлозивни направи, со расфрлани минофрлачи, артилериска муниција, рачни гранати, ракети и 250.000 електронски компоненти.

„Во основа личеше како торнадо да поминало низ продавница за електроника“, рече Лодама.

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе