Гласањето синоќа беше спроведено во пишан формат, во согласност со правилата за време на пандемијата на коронавирусот, пренесува ТАСС.
Со документот се апелира до членките на ОН рамноправно да ги доставуваат вакцините до сите држави во светот и се повикува на прекин на огнот во конфликтните зони додека се спроведува вакцинацијата.
Заменик амбасадорот на Русија во Обединетите нации, Дмитриј Полјански, претходно во текот на денот кажа дека Русија не е против резолуцијата, но дека верува дека некои одредби треба попрецизно да се дефинираат.