ОН: Турција би можела да одговара за воени злосторства

Турција би можела да се смета за одговорна за погубувањата кои ги спроведуваат оружените групи кои под нејзина команда се борат во Сирија, и тие дела би можеле да бидат окарактеризирани како воени злосторства, соопштија денес Обединетите нации.

„Според меѓународното право за почитување на човековите права и според меѓународното хуманитарно право, вонсудските погубувања претставуваат сериозни кршења и можат да бидат окарактеризирани како воени злосторства“, изјави портпаролот на Високиот комесаријат на ОН за човекови права Роберт Колвил.

Според него, цивилите, сите лица кои не се вклучени во борбите, како и заробените милитанти, мора да бидат заштитени.

Колвил кажа дека Обединетите нации се обидуваат да ги проверат сите слоупотреби пријавени на тоа тело од почетокот на турската воена офанзива против курдските сили на североистокот на Сирија.

„Турција би можела да биде означена како држава одговрна за злосторствата на групите кои се борат на нејзина страна, доколку Турција има контрола врз тие групи или врз операцијата за време на која тие злосторства се извршени“, додаде Колвил.

Турција на 9 октомври на североистокот на Сирија почна воена офанзива против курдските борци кои ги смета за терористи.

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе