ОН: Поради карантинот и мерките привремено се подобрил квалитетот на воздухот

Ограничувањата на движењето и патувањата поради пандемијата на коронавирусот овозможиле спектакуларно, но привремено подобрување на квалитетот на воздухот, објавија денес Обединетите нации.

EPA-EFE

Рестрикциите поврзани со ковид-19 предизвикаа во 2020 привремен пад на загадувањето на воздухот на бројни места, особено во метрополите, заклучи Светската метеоролошка организација (СМО), агенцијата на ОН.

Меѓутоа, тие ограничувања истовремено предизвикале пораст на одредени загадувачи опасни по здравјето чие влијание врз климатските промени е тешко да се одреди.

„Ковид-19 беше неочекуван експеримент со квалитетот на воздухот“, кој овозможи „локални привремени подобрувања“, соопшти Петери Талас, генералниот секретар на СМО.

„Но пандемијата не е замена за трајна и системска акција во борбата против главните загадувачи и климатските промени“, додаде тој.

Загадувањето на воздухот, особено со ситни честички, претставува сериозна опасност за здравјето и предизвикува смрт на милиони луѓе годишно.

Извештајот на СМО истакнува дека во некои градови концентрацијата на ситни честички паднала до 40 отсто за време на карантинот во пролетта 2020 во однос на периодот 2015-2019.

По укинувањето на ограничувањата квалитетот на воздухот повторно се влошил.

Но, експертите велат дека ситуацијата е посложена. Загадувањето настанато од човечките активности паднало, но 2020 ја обележале песочни бури и пожари кои го загадиле воздухот.

Намалувањето на честичките во атмосферата е добро за здравјето, но некои од тие намалувања ги забрзуваат климатските промени. За време на карантинот паднале емисиите на штетни гасови како јаглерод диоксид, но и на честичките кои помагаат во ладењето на атмосферата, како тие што содржат сулфур, кажа Оксана Тарасова, директорката на Одделот за истражување на атмосферската средина во СМО.

„Мораме да ја намалиме концентрацијата на честичките кои истовремено ладат и загреваат за да постигнеме врамнотежено влијание врз климата“, им објасни на новинарите во Женева.

СМО исто така забележала зголемување на концентрацијата на озон, гасот кој во стратосферата штити од ултравиолетовото зрачење на Сонцето, но е многу опасен за здравјето ако се наоѓа блиску до тлото.

Тоа е веројатно последица на намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид од транспортот, загадувачот кој го уништува озонот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе