ОН побараа од Шпанија да ги ослободи затворените каталонски лидери

Шпанија треба веднаш да ги пушти на слобода тројцата притворени каталонски лидери, на кои им беше одбиена кауција додека во Мадрид им се суди за бунт против Шпанија, соопшти Работната група за арбитрерни апсења на Обединетите нации.

Групата експерти на ОН во извештајот на 19 страници побара од шпанската влада да ја истражи „арбитрерната“ одлука за одземање на слободата без право на кауција на поранешниот потпретседател на каталонската влада Ориол Жункерас и поранешните активисти Жорси Санчез и Жорди Круксарт.

Тие тројца би требало да добијат право на барање отштета, а шпанската влада да почне независна истрага и постапка против оние кои им ја одзеле слободата, се вели во извештајот.

Жункерас, Санчез и Круксарт се наоѓаат во притвор во Мадрид. Обвинети се за бунт против Шпанија откако во октомври 2017 учествуваа во организирањето на референдумот за независност на Каталонија и покрај забраната од шпанскиот уставен суд и во последичното прогласување Република Каталонија.

Вкупно се обвинети дванаесет поранешни каталонски функционери кои се обвинети и за непослушност и користење јавни пари за организирање на забранетиот и незаконски референдум.

„Работната група бара од шпанската влада без одложување да ги усвои потребните мерки за исправање на ситуацијата на господата Круксарт, Санчез и Жункерас и да ги усогласи со важечките меѓународни норми, вклучени во Универзалната декларација за човековите права“, пишува во извештајот.

Одлуките на Работната група на ОН не се обврзувачки, односно таа не може да бареди ослободување на притвореници, туку нејзините извештаи користат како препораки. Во минатото, меѓутоа, биле и игнорирани. Шпанската влада засега не се изјасни за незјиниот извештај.

Извештајот доаѓа еден ден откако Европскиот суд за човекови права ја одби жалбата на 76 каталонски поранешни и сегашни пратеници кои тврдат дека шпанскиот уставен суд им ги прекршил правата со блокирањето на парламентарна седница на 9 октомври 2017 среде кризата со отцепувањето.

Каталонија, која има 7,5 милиони жители, на 1 октомври 2017 одржа референдум за независност на кој интервенираше шпанската полиција, а јавното обвинителство поднесе обвиненија против лидерите на шпанската влада.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе