На Маурициус

ОН побараа од Британија да го врати архипелагот од каде што ги избрка жителите и направи воена база (ВИДЕО)

Генералното собрание на ОН побара од Велика Британија во рок од шест месеци да му го врати на Маурициус архипелагот Чагос, каде што се наоѓа британско-американска стратегиска база.

По иницијатива на Маурициус, Собранието на ОН усвои резолуција што не е обврзувачка, но има политичка тежина.

116 земји гласаа за резолуцијата, шест беа против, меѓу кои и САД, а 56 се воздржаа од гласање.

Архипелагот Чагос е во центарот на повеќедецениски спор по британската одлука во 1965 година архипелагот да го одвои од Маурициус и таму да формира воена база заедно со Американците.

Велика Британија во шеесеттите и седумдесеттите години протера околу 2.000 луѓе од Чагос кон Маурициус и Сејшелите за да направи место за воена база. Многумина од нив се преселија во Британија и преку британските судови се бореа да се вратат на своите острови.

Премиерот на Маурициус рече дека насилното британско протерување на островјаните е „слично на злосторство против човештвото“.

Маурициус доби независност од Велика Британија во 1968 година и оттогаш се обидува да си го врати архипелагот.

Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека не го признава суверенитетот на Маурициус над Чагос и го потврди ставот дека архипелагот ќе ѝ се врати на таа земја кога повеќе нема да биде потребен за целите на одбраната.

„Заедничката британско-американска одбранбена база им помага на Велика Британија и на светот да се борат против тероризмот, организираниот криминал и пиратите“, тврди Лондон.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе