ОН: Ова е најтоплата деценија од кога постојат мерењата

Деценијата во која живееме е речиси сигурно најтоплата, изјави денес Светската метеоролошка организација (ВМО) на самитот на ООН за климатски промени во Мадрид.

Според податоците на ВМО, 2019 година е втора или трета најтопла година во историјата, а периодот 2015-2019 е најтоплиот петгодишен период од кога постојат мерењата.

Исклучително брзото глобално затоплување без сомнение е поттикнато од емисиите на стакленичките гасови.

„Не сме ни близу до исполнување на целите на Парискиот договор“, рече генералниот секретар на ВМО, Петри Талас.

„Ако сега не преземеме итни мерки кога климата е во прашање, до крајот на векот ќе бидеме сведоци на порастот на температурата за повеќе од 3 степени“, предупреди тој.

Претставници на речиси 200 земји од светот се собраа во шпанската престолнина за да се договорат како да ги постигнат целите поставени со Парискиот договор, односно да го ограничат глобалното затоплување под два Целзиусови степени во однос на перидот пред индустриската револуција.

Глобалната просечна температура до октомври годинава изнесувала 1,1 степен над нивото пред почетокот на индустриската револуција, кон крајот на 18 век, објави ВМО.

ВМО повторно го изнесе неодамна објавениот податок според кој концентрацијата на јаглерод диоксид минатата година достигна рекордно ниво во атмосферата и оваа година продолжува да расте.

Талас рече дека податоците на ВМО укажуваат дека океаните плаќаат висока цена заради глобалното затоплување, бидејќи апсорбираат топлина и јаглерод диоксид.

„Топлината на океаните достигна рекордно ниво, а морската вода е за 26 проценти покисела отколку на почетокот на индустрискиот период“, наведе ВМО, предупредувајќи дека притоа многу морски екосистеми пропаѓаат.

Покрај големата штета што глобалното затоплување ѝ ја нанесува на природата, зголемувањето на температурата влијае и на луѓето, а топлотните бранови се особена закана за постарите лица.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе