Кога полскиот заменик-министер за внатрешни работи Мачеј Вашик кон крајот на јануари рече дека неговата земја мора да биде подготвена за бран од милион луѓе во случај на голема руска инвазија на Украина, многумина мислеа дека тоа е претерување.
Според УНХЦР речиси пет милиони Украинци ја напуштиле земјата 53 дена по руската инвазија. Околу 90% од оние што избегале биле жени и деца, откако владата воведе вонредна состојба со која им забрани на мажите на возраст меѓу 18 и 60 години да заминат.
На почетокот на април, УНХЦР објави дека повеќе од седум милиони луѓе се внатрешно раселени во земјата.
Полска и понатаму е главната дестинација за украинските бегалци, земјата прими околу 2.69 милиони бегалци, а по неа е Романија со околу 720.000 луѓе.
Минатата недела, британската министерка за надворешни работи Прити Пател се извини за потребното време украинските бегалци да пристигнат во Велика Британија според две визни шеми, откако новите бројки покажаа дека само 12.000 пристигнале во Британија досега.