ОН му одговорија на Маск како да го реши гладот во светот со 6 милијарди долари

Директорот на Светската програма за храна на ОН (ВФП) објави план за борба против гладта во светот во вредност од 6,6 милијарди долари, како одговор на Илон Маск, кој рече дека е подготвен да ги продаде акциите на Тесла и да ги донира парите доколку некој од ОН му објасни како тоа би функционирало.

Фото: ЕПА

Дејвид Бисли, директор на програмата за храна на ОН и поранешен републикански гувернер на Јужна Каролина, објави план за дистрибуција на оброци и ваучери за храна за повеќе од 40 милиони луѓе во 43 земји. Тоа би спречило, вели тој, катастрофа што може да се случи наскоро.

Во документот објавен од Бисли, ВФП предлага да се издвојат 3,5 милијарди долари за купување и испорака на храна, 2 милијарди долари за ваучери за храна до местата каде може да се купи и трошење 700 милиони долари за управување со нови програми за храна прилагодени на локалните услови.

Дополнителни 400 милиони долари ќе бидат искористени за управување, администрирање и координирање на снабдувањето со храна.

„Светот гори“, напиша Бисли. „Предупредував на бурата која се подготвува поради ковид, војни, климатски шокови и сега, зголемени трошоци во синџирот на снабдување. ТУКА Е. 45 милиони животи се загрозени - и се зголемуваат секојдневно. Ако не ги храните луѓето, ги храните конфликтите, дестабилизацијата и масовната миграција“.

„Оваа криза бара итни решенија, нема преседан и можно е да се избегне", напиша на Твитер и го тагна Маск.

„Баравте јасен план и отворени сметки. Еве го! Подготвени сме да разговараме со Вас, како и со секој друг кој сериозно сака да спасува животи", напиша тој.

Маск сè уште не одговори.

Целата оваа расправа започна кога шефот на Светската програма за храна изјави дека „мала група на исклучително богати поединци може да помогне во решавањето на гладот во светот со само мал дел од своето богатство“.

„Милијардерите треба еднократно да дојдат на помош“, изјави тогаш Дејвид Бисли за Си-ен-ен, наведувајќи ги особено двајцата најбогати луѓе во светот, Џеф Безос и Илон Маск. „Шест милијарди долари за помош на 42 милиони луѓе кои буквално ќе умрат ако не им помогнеме. Не е комплицирано“, додаде Бисли.

Директорот на Тесла Илон Маск поседува богатство вредно 289 милијарди долари, според Блумберг, што значи дека Бисли бара донација од само два отсто од неговото богатство. Богатството на американските милијардери речиси е двојно зголемено од почетокот на пандемијата и сега изнесува 5,04 трилиони.

„Комбинацијата од неколку кризи, како што се климатските промени и пандемијата на ковид-19, значи дека многу нации тропаат на вратата на гладот“, рече тогаш Бисли.

Маск одговори дека веднаш ќе ги продаде сите акции на Тесла и ќе го реши гладот во светот доколку некој од Светската програма за храна на Обединетите нации (ВФП) му објасни како може да се направи тоа со шест милијарди долари.

Тоа беше одговорот на Маск на твитот на др. Илај Дејвид, водечки експерт за вештачка интелигенција, кој објави дека 2 отсто од вкупното богатство на Маск изнесува 6 милијарди долари, додека Светската програма за храна на ОН во 2020 година собрала 8,4 милијарди долари, па како тоа не го решило прашањето за гладот во светот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе