ОН ја осудија израелската окупација на Голанската висорамнина: САД за прв пат гласаа против (ВИДЕО)

САД денеска за прв пат гласаа против резолуцијата на ОН, со која се осудува израелската окупација на Голанската висорамнина, пренесе Гардијан.

Иако резолуцијата лесно беше усвоена во Генералното собрание на ОН со 151 гласа „за“ и два „против“, позицијата на САД претставува промена на политиката а што би можело да има последици во иднина, коментираат израелските медиуми. САД претходно се воздржуваше од гласање за таков документ. Единствената друга земја која гласаше против резолуцијата е Израел.

Израелските лидери лобираат кај администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за Конгресот на САД да го признае израелскиот суверенитет над стратегиската Голанска висорамнина.

„Денес гласаме против, бидејќи резолуцијата е крајно пристрасна против Израел“, изјави Ники Хејли.

На Твитер, мисијата на САД во Обединетите нации однапред објави дека „САД повеќе нема да се воздржат од гласање кога ОН ќе се ангажира во бескорисно годишно гласање за Голанската висорамнина“.

„Резолуцијата е едноставно пристрасна против Израел, ние ќе гласаме не во петокот“, објавија од американската мисија во ОН.

Владата на Израел ѝ се заблагодари на администрацијата на Трамп и особено на американската амбасадорка во Обединетите нации Ники Хејли за таквиот став.

Во соопштението за јавноста, САД изјави дека воочи тензиите на границата со Сирија, нема оправдување за поддршка на таков потег и дека „злосторствата (на сирискиот режим) го докажуваат недостатокот на способност да владеат со било кого“, со оценка дека иранското присуство во Сирија претставува „голема закана за меѓународната безбедност" и дека „ИСИС и други терористички групи остануваат во Сирија“.

„Резолуцијата не прави ништо за ниту една страна да ја доближи до мировниот договор“, се заклучува во соопштенито.

Амбасадорот на Израел во ОН Дани Данон ѝ се заблагодари на Хејли на одлуката да се гласа против „резолуцијата достојна за презир“, и дека е „време светот да направи разлика помеѓу оние кои го дестабилизираат регионот и оние кои сеат терор“, како што напиша на Твитер.

Израелскиот министер за стратешки прашања Гилад Ердан истакна дека Голанската висорамина е дел од Израел и секогаш ќе биде.

„Нема разумна личност која мисли дека Голанската висорамина ќе му се врати на убиецот Асад и иранскиот режим, кој се обидува да основа ‘сириски Хезболах’ во регионот“, напиша на Твитер, алудирајќи на екстремистичкиот Хезболах во Либан.

И лидерот на израелската опозициска партија „Има иднина“ Јаир Лапид ѝ се заблагодари на Хејли, повторувајќи дека Голанската висорамина е дел на Израел и дека е време остатокот од светот исто така да ја признае оваа реалност, како што напиша на Твитер.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе