ОН ја осудија Путиновата анексија на украинските региони од Путин, и Србија гласаше за осуда

Генералното собрание на Обединетите нации го осуди обидот на Русија за незаконска анексија на четири делумно окупирани украински региони и ги повика сите земји да не го признаат овој потег.

Фото: ЕПА

Три четвртини од 193-членото Генерално собрание, вкупно 143 земји, гласаа за резолуцијата, која исто така ги потврдува суверенитетот, независноста, единството и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признаени граници.

„Прекрасно“, им рече на новинарите амбасадорот на Украина во ОН Сергиј Кислицја по гласањето, стоејќи до американската амбасадорка во Обединетите нации, Линда Томас-Гринфилд, која рече дека резултатот покажал дека Русија не може да го заплаши светот.

Само четири земји ѝ се придружија на Русија во гласањето против резолуцијата - Сирија, Никарагва, Северна Кореја и Белорусија.

Србија, земја што традиционално ја поддржува Русија, исто така гласаше за осуда на руската анексија.

35 земји се воздржаа од гласање, вклучително и стратегискиот партнер на Русија Кина, додека другите не гласаа.

„Денес Русија ја напаѓа Украина. Но утре би можело да биде повредена територијата на друга нација. Може да бидете вие. Вие може да бидете следниот. Што би очекувале од ова тело?“, порача Томас-Гринфилд на Генералното собрание пред гласањето.

Москва во септември прогласи анексија на четири делумно окупирани региони во Украина - Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје - откако организираше референдуми. Украина и сојузниците ги осудија гласовите како нелегални и изнудени.

Гласањето на Генералното собрание следува по минатомесечното руско вето на слична резолуција во 15-члениот Совет за безбедност.

Амбасадорот на Русија во ОН, Василиј Небензја, на Генералното собрание пред гласањето изјави дека резолуцијата е „политизирана и отворено провокативна“, додавајќи дека „може да ги уништи сите напори во корист на дипломатско решение на кризата“.

„Двојни стандарди“

Потезите во Обединетите нации се огледало на она што се случи во 2014 година откако Русија го анектираше украински Крим. Генералното собрание потоа усвои резолуција со која го прогласи референдумот за неважечки со 100 гласа за, 11 против и 58 формално воздржани.

Кина вчера беше воздржана бидејќи не верува дека резолуцијата ќе биде корисна, рече заменик-амбасадорот на Кина во ОН Генг Шуанг.

„Секоја акција преземена од Генералното собрание треба да води кон смирување на ситуацијата, кон итно продолжување на дијалогот и кон промовирање политичко решение за оваа криза“, рече тој.

Соединетите Држави и другите западни земји лобираа пред вчерашното гласање. Американскиот државен секретар Антони Блинкен во вторник свика виртуелен состанок со дипломати од повеќе од 100 земји.

Тие освоија десетици гласови повеќе во споредба со резултатот од 2014 година и во однос на 141 земја што гласаа да ја осудат Русија и да побараат да ги повлече своите трупи од Украина во рок од една недела од нејзината инвазија на 24 февруари.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе