ОН: Израел можеби извршил воени злосторства со убивањето цивили

Најмалку десет Палестинци и два израелски војници загинале во синоќешните напади на Газа, додека расте бесот на Палестинците, кои го обвинуваат Израел дека ги прекршил сите меѓународни и морални закони што „никогаш нема да го заборават и да го простат“, пренесува Би-би-си.

Бројот на жртвите во шеснаесеттиот ден се искачил на 639, а на ранетите на околу 4.000, објавило министерството за здравство на Газа. Над 118.000 луѓе избегале од густо населената палестинска енклава и нашле засолниште во камповите на ОН:

„Исполнети сме со гнев и никогаш нема да заборавиме и простиме“, кажал палестинскиот претседател Махмуд Абас на почетокот на итната владина седница во Рамала на Западниот брег. „На нашиот народ не му останува ништо друго освен да му се моли на Господ. Никој на овој свет нема да живее во мир и стабилност сѐ додека тоа не го имаат децата во Ерусалим, Газа и Западниот брег“.

„Израел можеби извршил воени злосторства убивајќи цивили, гранатирајќи куќи и болници во текот на двонеделната офанзива во Газа“, изјавила денес високата комесарка за човечки права на ОН, Нави Пилај.

Отворајќи ја итната седница на ОН за човекови права во Женева, Пилај ги осудила и палестинските милитантни од Газа, припадниците на Хамас, за неселективно ракетирање на Израел.

„Ова се само неколку примери кои укажуваат на големата веројатност дека е прекршено меѓународното хуманитарно право, и дека може да се зборува за воени злосторства“, кажала Пилај, истакнувајќи ги примери на израелските воздушни напади врз куќи и болници во палестинската енклава.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе