ОН испрати повик за заштита на жените

Речиси 60 отсто од жените во светот работат во неформална економија, заработуваат помалку, штедат помалку и поизложени се на осиромашување за време на пандемијата на коронавирусот, предупредија Обединетите нации и повикаа жените да бидат во центарот на обновата на економиите.

„Иако мажите се поизложени на смртните исходи на пендемијата, таа има разурнувачки економски и социјални ефекти за жените и девојките“, се истакнува во соопштението на генералнито секретар на ОН Антониот Гутереш.

Во извештајот објаввен со соопштението, ОН истакна дека се изгубени милиони работни места за жените.

„Девојчињата кои повеќе не одат во училиштата можеби никогаш нема да се вратат во нив“, истакна шефот на Обединетите нации и забележа дека ќе бидат потребни години за враќање на изгубениот напредок.

Гутереш испрати повик до владите дополнително да ги заштитат жените и девојките од семејното насилство во периодот на општото ограничување на движењето за време на пандемијата на новиот коронавирус.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе