ОН: Гладот особено им се заканува на жените и девојчињата, тие јадат последни и најмалку

Милиони луѓе се на раб на глад во четири држави поради економските последици на ковид-19, а меѓу нив најпогодени жените и девојчињата бидејќи поради културолошките правила јада последни и најмалку, предупредија Обединетите нации.

EPA-EFE

Пандемијата на коронавирусот до крајот на 2020 би можела да го удвои бројот на луѓето кои имаат отежнат пристап до храната на 270 милиони, објави ОН. Гладот особено им се заканува на луѓето во делови од Јемен, Јужен Судан, Буркина Фасо и Нигерија.

„Можно е веќе милиони жени и девојчиња низ светот да гладуваат. Тоа што го знаеме за сигурноста на храната и кој гладува упатува на тоа дека најголемиот ризик го носат жените и девојчињата бидејќи јадат последни и најмалку“, кажа Сара Фурман, експертка за хуманитарна политика во хуманитарната организација КАРЕ.

Пандемијата ги пустоши економиите и Светската банка минатиот месец објави дека за првпат во 20 години предвидува крајна сиромаштија. Исто така милиони се борат со последиците од конфликтите и климатските промени. Според Светската програма за храна, едно од девет лица нема доволно храна.

Жените и девојчињата среде пандемијата на ковид-19 се изложени на двоен товар: први ја губат работата и едвај успеваат да придонесат во домаќинството, а општествените норми диктираат дека прво мора да се нахранат мажите и момчињата, предупредува КАРЕ.

ОН во вторникот објавија дека ќе издвојат 80 милиони долари за спречување на гладот во Авганистан, Буркина Фасо, Конго, Нигерија, Јужен Судан и Јемен и дополнителни 20 милиони долари за Етиопија која е погодена од тешка суша.

КАРЕ повикува на поголеми издвојувања за санирање на последиците на ковид-19 и на засилени напори во заштитата на жените и девојчињата со тоа што ќе се вклучат во донесувањето на одлуките и донесувањето на програми со фокус на нивните проблеми.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе